03:24 - 7 ноември, 2026

(Фото) Иако ги снајде голема трагедија, ќерката на Брус Вилис има причина за славење!

Брус Вилис се повлече од актерството оваа година, откако му беше дијагностицирана афазија, болест која ги напаѓа неговите когнитивни способности. Американските медиуми пишуваат дека состојбата на актерот се влошува, а неговото семејство стравува дека ова може да биде неговиот последен Божиќ.

Актерот наводно го променил тестаментот неколку дена откако дознал дека има афазија, пишуваат странските медиуми. Неговото богатство, проценето на 250 милиони долари, ќе оди кај неговото семејство.

Неговата поранешна сопруга, актерката Деми Мур, неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира целото семејство. Најголем дел од времето го поминуваат со актерот, а неговата поранешна сопруга и сегашна сопруга Ема се во одлични односи и му пружаат голема поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rumer Glenn Willis (@rumerwillis)

Иако ги снајде голема трагедија, ќерката на познат актер има причина за славење.

34-годишната ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, Румер Вилис, ќе стане мајка. Имено, таа среќната вест ја објави на својот Инстаграм и откри дека го очекува своето прво дете со музичарот Дерек Ричард Томас, нејзиниот долгогодишен партнер.

Ова ќе биде прво внуче за Деми Мур и Брус Вилис, кои во бракот ги имаат ќерките Румер, Талула и Скаут.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....