01:59 - 3 април, 2026

(ФОТО) ГВИНЕТ ПАЛТРОУ ЗА СВОЈОТ РОДЕНДЕН ПОЗИРАШЕ ГОЛА: Нејзиниот сопруг со посебна објава

гвинет

Една од најпопуларните холивудски актерки, Гвинет Палтроу на почетокот на минатата година изјави дека го напушта светот на актерството. Последниот филм во кој беше главна ѕвезда беше филмот „Proof“, а потоа, како што рече, сфатила дека е доволно.

Деновиве, Гвинет Палтроу го прослави својот 49-ти роденден. Таа на социјалните мрежи со бројни обожаватели сподели фотографија на која позира гола.

Легната во када, со дланките покривајќи ги своите гради. Гвинет позираше без грам шминка и „неуредна“ пунџа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

„Пензионираната“ актерка доби бројни честитки за нејзиниот роденден, а нејзиниот сопруг Бред Фалчук ​​ја имаше најдобрата објава по повод роденденот на неговата сакана.

Тој сподели фотографијата од Гвинет во чиј опис напиша: „Кога живеете со оваа жена, некои работи стануваат јасни. Постојат очигледни работи – дека е убава, смешна, ги сака работите онака како што ѝ се допаѓаат. Секогаш е зафатена, но таа секогаш има време за вас“, напиша тој, меѓу другото, во долгиот опис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @bradfalchuk

Гвинет има две деца што ги доби со пејачот Крис Мартин – ќерката Епл и синот Мозес. Додека да ја пронајде љубовта на својот живот, таа беше во врска со многу мажи – Роберт Шон Леонард, Донован Лејч, Џејсон Блум, Бен Афлек, Скот Спидман, Крис Хеинц, Лук Вилсон, Џејмс Пјурфој и Брајан Адамс.

Инаку, Палтроу во моментов работи на својот бренд „Goop“ и произведува модни и козметички производи, промовира здрав начин на живот, организира семинари и има свое шоу на „Нетфликс“.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....