5.8 C
Скопје
00:55 - 1 април, 2026

(Фото) Громогласни аплаузи за „Танец“ и Влатко во Белград

 Концертот на виртуозот на гитара Влатко Стефановски и националниот ансамбл „Танец“ кој медиумите во Србија го најавуваа како голем сценски спектакл во големата сала на Фондацијата „Коларац“ во Белград ја воодушеви публиката, а во очекување на импресиите од соседството ви ја пренесуваме сликата што за овој настан ја објави „Танец“ на својата фејсбук страница со неколку фотографии.

„И „Коларац“ во Белград е освоен. Вечерва нашиот оркестар и хор, заедно со гитарската легенда Влатко Стефановски не оставија никого рамнодушен во познатата сала „Коларац“ и за секоја изведба добиваа громогласни аплаузи. Очекувајќи ги официјалните одгласи оттаму, споделуваме неколку фотографии од публиката, која ја исполни салата до последното место“, објави националниот ансамбл.

Влатко Стефановски кој е особено горд на оваа инспиративна соработка со националниот ансамбл имаше неколку извонредни настапи со „Танец“ во земјава но, и во странство.

Специјално за овој проект се антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“,  „Калајџско“, „Пајдушко“ , „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“ изведени во нови аранжмани на Дамир Имери.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....