7.8 C
Скопје
19:23 - 1 април, 2026

(Фото) Грајмс сподели ретка фотографија од 9-месечната ќерка на Илон Маск

Пејачката Грајмс објави на Твитер ретка фотографија од нејзината 9-месечна ќерка од нејзиното поранешно момче, извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон Маск.

На објавената фотографија 9-месечната ќерка на Илон Маск и Грајмс, облечена во црн комбинезон и розова лента со панделка на главата, е фотографирана со книгата „Раѓањето на трагедијата“ на Фридрих Ниче.

„Мојата ќерка танцува во техно стил над овој примерок на Ниче „Раѓањето на трагедијата“. Кралица!”- Грајмс објави со постираната фотографија.

Илон Маск и Грајмс ја почнаа врската во 2018 година. Во мај 2020 година, парот доби син, кого го нарекоа со необичното име X Æ A-12. Во септември 2021 година, тие објавија дека се разделуваат, а три месеци по разделбата, во декември, сурогат мајка ја роди нивната ќерка Екса Дарк Сидерал Маск, или скратено Y.

Во март 2022 година, се дозна дека Грајмс се забавува со трансродовата жена Челзи Менинг, но тие раскинаа во јули.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....