3.8 C
Скопје
00:38 - 21 декември, 2024

(Фото) Гола е љубовта на Емили Ратајковски кон нејзиниот Коломбо

Љубовта на убавата моделка и актерка Емили Ратајковска кон домашните миленичиња, особено кон кучињата, е позната.

Во мај, 2019, Емили Ратајковски го покажа своето ново куче, пресреќна носејќи го во рацете шетајќи низ њујоршките улици. Тогаш кученцето – необична слатка мешавина од германскi овчар и хаска, беше многу мало, и лесно можеше да го носи во прегратка.

Неговото име е Коломбо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tabloit (@tabloit.it)

Емили го вдоми Коломбо пред да стане мајка на синот Силвестер Аполо Беар минатиот март (2021), 30-годишната претприемачка, супермодел  глумица, и нејзиниот сопруг – филмски продуцент, Себастијан Бер-МекКлард (41), се грижат за Коломбо исто како за детенце. Особено Емили.

Со слатка случајност, крзненото бебе на Ратајковски и нејзиното бебе од вистинскиот живот го делат мартовскиот роденден.

Коломбо за прв пат им беше претставен на фановите на Инстаграм на 11 мај 2019 година. Прославувајќи го новиот член во семејството со слатко селфи од себе, нејзиниот сопруг и кученцето, моделот тогаш ги спомна неодамнешните бремености на Ким Кардашијан, Меган Маркл и Ејми Шумер пред да ги сподели своите вести за „бебето“.

„Сите имаат бебиња (Ким, Меган, Ејми), но и ние добивме ново специјално момче. Момче е! Запознајте го Коломбо“, напиша тогаш таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Неколку недели подоцна, таа и Коломбо се појавија на The Tonight Show, кога гордата „мајка“ на кучето му вети на Џими Фалон дека ќе го донесе кученцето пак во студио кога ќе порасне.

Растењето на Коломбо беше документирано преку Инстаграм фотографии на Емили кои редовно ги ажурираше при прошетките со кучето.

Така, кучето стана едно од најпознатите, ако не и најпознато куче во Њујорк. А и секако, ги ужива сите финансиски благодети од неговите „родители“.

Честопати, кога папараците ќе ги „уловеа“ заедно, а фотографиите веднаш беа објавувани, Коломбо редовно го крадеше „шоуто“.

Така стигна и до страниците на модната библија Вог.

А потоа, стана дел и од рекламните кампањи на Емрата, модната линија за костими за капење на Емили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Подоцна освои и насловна страница на Вог. На Вог Австралија.

Преку Инстаграм Емили покажа како Коломбо ја слави Нова година, како се сретнал со првиот снег, како слави роденден…како патува со „мама и тато“ на задното седиште од автомобилот.

инстаграм

А во меѓувреме Коломбо порасна. 

Последната фотографија која ја сподели Емили со нејзиното куче е онаа на која позира угол гола. Легната на тепих во дневната соба,  а кученцето – иако е моделката гола – повторно го привлекува вниманието на себе!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

 

 

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....