14.8 C
Скопје
01:36 - 23 октомври, 2026

(Фото) Гоца Тржан во прегратка на келнерот поради кој Раша пред 6 години имаше љубоморен испад

Пред шест години, додека Гоца Тржан снимаше свој ријалити емисија заедно со нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ и ќерката, пејачката во еден момент побара од келнерот да ја тргне маската за да може да го види и да го праша како се вика. При таа прилика, таа му се обратила љубезно:

„Миладине сонце мое, јас би некој чај“ – рекла таа тогаш.

Овој потег го налутил нејзиниот сопруг Раша, кој пред сите ѝ забележал на начинот на кој комуницира со конобарот.

„Што ти значи она Миладине цицо, мацо, што глумиш ти?“ – ѝ рекол тој.

Гоца била шокирана од оваа неочекувана сцена на љубомора, па веднаш му возвратила.

„Молам? Не разбирам, ти на секоја келнерка ѝ се обраќаш со ‘бејби’, а јас не смеам да кажам Миладине на Миладин?“ – рекла таа.

Раша, сепак, јасно ѝ ставил до знаење дека неговото незадоволство е сериозно, упатувајќи ѝ остри зборови.

„Ти флертуваш, ти си мажена жена, мајка на женско дете. Претеруваш во некои односи, често“ – ѝ рекол тој тогаш пред камерите.

Иако Новаковиќ продолжил да ѝ приговара, пејачката не попуштила, па подоцна Миладин го нарекла и „душо“.

Денес, шест години по овој скандал, Гоца и Миладин повторно се сретнале.

Келнерот ја искористил приликата да се фотографира со пејачката, а фотографијата ја објавил на социјалните мрежи со порака со која потврдил дека недоразбирањата останале во минатото.

„Созреал и Раша, љуби го брат, падна помирување по шест години“ – стои во објавата која ја споделила и Гоца.

 

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....