07:38 - 12 ноември, 2026

(Фото) Едина Муса сподели нежни семејни моменти: „Максим е моја копија“

Фитнес инструкторката и поранешна кошаркарка Едина Муса продолжува да ужива во мајчинството, а најновите објави на социјалните мрежи повторно ги разнежнија нејзините следбеници.

Едина, која во февруари 2025 година го доби синот Максим, веќе 14 месеци споделува моменти од секојдневието со него, а во последниот период сè почесто објавува и фотографии на кои може да се види неговото лице.

Фото: Инстаграм/Едина Муса

Најмногу внимание привлече една топла семејна сцена – нејзиниот сопруг, Александар Димитровски Мачка, заспан додека го прегрнува малиот Максим. Едина го улови моментот и го сподели со јавноста, предизвикувајќи бројни реакции.

Во друга објава, таа позира со синот во прегратка, опишувајќи го чувството со едноставната порака: „Она кога едвај чекаш дома да си дојдеш“.

Фото: Инстаграм/Едина Муса

Сепак, најголемо внимание привлече нејзината споредба што ја направи со фотографија од сопственото детство. Едина објави колаж – една фотографија со Максим и една од неа како бебе во прегратка на мајка ѝ – со што сакаше да покаже колку си личат.

„Дека сите викавте дека Максим личел на татко му“, напиша таа, јасно ставајќи до знаење дека синот, според неа, е нејзина копија.

Фото: Инстаграм/Едина Муса

Слични објави

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.
Се вчитува....