02:02 - 7 ноември, 2026

(Фото) Фотографија што ги запали мрежите: Цеца во друштво на италијанскиот заводник Симоне Сузина

Пејачката Цеца Ражнатовиќ синоќа била во еден елитен ресторан во Белград, каде што се дружела со италијанскиот актер Симоне Сузина. Двајцата, според објавите, опуштено разговарале и уживале во пријатната атмосфера, а по излегувањето од локалот биле видно расположени.

Подоцна, Цеца објавила заедничка фотографија со актерот, која предизвикала големо внимание кај нејзините обожаватели. На фотографијата тие изгледаат блиски и насмеани, што дополнително ги поттикнало реакциите на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Од нејзиниот тим на Инстаграм е оставен коментар: „Таман за спот“, а дел од фановите почнале да шпекулираат дека можеби станува збор за нов музички проект или соработка.

Јасно е дека вечерта ја поминале во опуштена атмосфера со вино и разговор, иако пејачката сè уште не се огласила за средбата со Сузина.

Симоне Сузина, роден во 1993 година, кариерата ја започнал како модел, а подоцна станал препознатлив по соработките со познати модни брендови како „Џорџо Армани“, „Долче и Габана“ и „Гес“.

Голема популарност стекнал како актер со улогата на Начо во вториот и третиот дел од нетфликсовиот еротски трилер „365 дена“, како и во драмата „Хевен ин Хел“.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....