22:22 - 6 ноември, 2026

(Фото) Еве што прави Бред Пит додека децата се одрекуваат од него: Актерот е фатен во нова авантура

Актерот Бред Пит отишол на авантура со мотор во Исланд, само неколку недели откако неговиот син Пакс доживеал несреќа со електричен велосипед, поради која се наjде во болница, пренесува TMZ.

Како што е познато, посвоениот син на Пит и актерката Анџелина Џоли со сета сила удри во запрен автомобил.

Со оглед на тоа дека Пакс не носел кацига при несреќата, имал крварење во мозокот, а по хоспитализацијата бил пуштен на домашно лекување. Извори тврдеа дека актерот бил многу загрижен за својот син и сакал да стапи во контакт со него, но не успеал.

Пит сега летува на Исланд, а на социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа дека холивудската ѕвезда става кацига и се качува на мотор. Актерот се движел низ градот во придружба на уште неколку мотоциклисти, но не се знае каде се упатиле.

Потсетуваме, Пит во последно време е особено во фокусот на јавноста зашто децата кои ги има од бракот со Анџелина Џоли се одрекуваат од неговото презиме штом стануваат полнолетни.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....