-4.2 C
Скопје
05:14 - 19 февруари, 2026

(Фото) Ева Мендес го покажа свршеничкиот прстен по тајниот брак со Рајан Гослинг

Актерката Ева Мендес случајно им го покажа свршеничкиот прстен на папараците при излегувањето од салонот за убавина Double Bay во Сиднеј, пренесува дејли меил.

48-годишната актерка храбро се бореше со ветрот додека излегуваше од салонот со нова фризура. Во моментот кога се фати за косата, папараците успеаја да ја фотографираат нејзината рака.

На прстот блеска златен прстен. Актерката беше облечена во бела ленена кошула, кво комбинација со макси црн фустан. Изгледот го комплетираше со кафени кожени чизми на високи потпетици и жолта кожна чанта.

Рајан Гослинг и Ева Мендес се заедно 12 години. Двојката има две заеднички ќерки – 8-годишната Есмералда и 6-годишната Амада. Гласините дека актерите имале тајна венчавка се појавија на социјалните мрежи откако Мендес на Инстаграм објави фотографија на која се гледа нова тетоважа на нејзиниот лев зглоб со зборовите „де Гослинг“ – според шпанската култура, мажените жени го додаваат „де“ наместо „мис“ пред презимето.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....