17:28 - 9 ноември, 2026

(Фото) Емина Јаховиќ на одмор со синот Јавуз: Во костим за капење и без шминка ги воодушеви следбениците

Пејачката Емина Јаховиќ одлучи да направи пауза од професионалните обврски и да замине на одмор со својот помлад син Јавуз и пријателка.

Емина, која е многу активна на социјалните мрежи, сподели моменти од летувањето со своите следбеници. Таа објави фотографија од плажа на која позира во целосно природно издание – без ниту грам шминка, со коса собрана во опавче, облечена во костим за капење и лесна марама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

На останатите фотографии пејачката е во друштво со синот Јавуз, а во еден момент нежно го бакнува во главата. Од објавените моменти е јасно дека мајката и синот уживаат во заедничкиот одмор и времето поминато заедно.

Емина неодамна сподели убави вести со своите следбеници, славејќи важен момент во животот на својот помлад син. Јавуз, кого го доби во бракот со турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал, успешно ја заврши основната школа во Турција.

По тој повод, пејачката објави емотивни фотографии и му упати посебна порака на својот син:

„Среќна матура, љубов моја. Денес славиш пресвртница, а јас го славам неверојатното момче што си. Најдоброто допрва доаѓа. Толку сум горда на тебе, Јавуз“, напиша Емина.

На матурската прослава присуствувал и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, кој исто така не ја криел гордоста за нивниот син.

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....