17.8 C
Скопје
21:23 - 27 септември, 2026

(Фото) Единствената внука на Брус Вилис наполни една година: ретки фотографии

Луета е родена во април 2023 година. Девојчето е првата ќерка на Румер Вилис, најстарата наследничка на Деми Мур и Брус Вилис.

Најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур покажа фотографија од нивната единствена внука. Вилис сподели снимка во чест на првиот роденден на Луета Румер на Инстаграм.

„Ох, моја нежна ќерко, не можам да поверувам дека имаш една година, оваа година со тебе беше најдобрата во мојот живот, никогаш не сум спознала љубов како твојата“, рече мајката на девојчето-славеничка , нарекувајќи ја наследничката најубава, паметна, весела и мила девојка.

„Секој ден растеш и учиш повеќе, а ти си мојот најдобар учител и мојата најдлабока љубов“, додаде Румер.

Таткото на Луета е музичарот Дерек Ричард Томас кој е долги години во врска со Румер. Румер во оваа прилика му се заблагодари за „најдобриот подарок“ – нивното прво дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rumer Glenn Willis (@rumerwillis)

Румер не ги заборави и своите сестри Талула и Скаут, а исто така ѝ се заблагодарила на нејзината мајка Деми Мур, таткото Брус Вилис и неговата втора сопруга Еми Хеминг.

Румер покажа и фотографија од нејзиното домашно породување во април 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rumer Glenn Willis (@rumerwillis)

 

 

Слични објави

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....