12:41 - 15 ноември, 2026

(Фото) Длабоко деколте и ултра мини: Теа Трајковска со своето најсекси издание досега

Кога станува збор за сцената и модата, Теа Трајковска знае како да привлече внимание со својот сексапил.

Оваа млада и талентирана пејачка, чие име е синоним за енергија и свеж звук, се претстави во своето најсекси издание досега на снимање на емисијата „Вечер по осум“ со Миро Кацаров.

Нејзиниот стајлинг е совршен баланс меѓу елеганција и провокација. Таа носи мини фустан што ја нагласува нејзината одлична форма,  а длабокото деколте само ја зајакнува „секси“ нотата на овој храбар моден избор.

Фото: Инстаграм

Теа храбро експериментира со фризурата, со две долги плетенки што и даваат модерен изглед. Младата пејачка сега е актуелна со дуетот „Луда“ кој го сними во дует со Таско.

Трагичното заминување на Владимир Блажев – Панчо од дуото „ДНК“, кој по неколкумесечна борба им подлегна на повредите од катастрофалниот пожар во Кочани лани во октомври, остави трајна лузна на македонската естрада. Покрај семејството и најблиските соработници, неговата загуба исклучително тешко ја поднесе и Теа Трајковска. Панчо и Теа беа многу повеќе од колеги. Тие негуваа искрено, долгогодишно пријателство.

Слични објави

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо
Се вчитува....