18:29 - 15 ноември, 2026

(Фото) Тајната вечера со Цеца: Македонскиот инфлуенсер ги откри деталите

„Тајната вечера“ ја нарече сликата со Цеца Ражнатовиќ познатиот македонски фотограф, модел и инфлуенсер Стефан Соколовски, во јавноста и на социјалните мрежи препознатлив под својот уметнички потпис „badstef“.

Тој го сврте вниманието на јавноста по објавувањето на слика со една од најголемите балкански музички ѕвезди, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Средбата се случила во Белград, a dвајцата позираат во опуштена, но и елегантна атмосфера во познат белградски ресторан, уживајќи во амбиентот и чаша вино.

Фото/Инстаграм

Цеца деновиве привлече огромно внимание во регионалните медиуми со својот изглед во шестата деценија од животот. Таа откри дека успеала да ослабе 8,5 килограми за само еден месец. Притоа, пејачката строго нагласи дека е голем противник на модерните и опасни трендови за слабеење со медицински препарати и дека резултатите ги постигнала без ригорозни диети и гладување, туку со балансиран режим.

Како постојан член на жирито во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Цеца ги сврте погледите и на паркингот пред студиото, каде што се појави со нов, луксузеn автомобил чија вредност се проценува на околу 175.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Sokolovski (@badstef)

Слични објави

Данијела Мартиновиќ за љубовта со Јосип: „Само го гледам и си мислам: Боже, ти благодарам!“

Еспресо

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.
Се вчитува....