16:47 - 2 април, 2026

(Фото) Џенифер Лопез покажа колку е згодна во трендовски костим за капење: Би ѝ дале ли 53 години?

53-годишната американска пејачка и актерка Џенифер Лопез го сака летото затоа што е најдобро време да ги покаже резултатите од нејзината работа во теретана, каде поминува многу часови на тренинг.

Актерката обожава да се фотографира во костими за капење и има цела колекција од бројни модели, следејќи ги најновите трендови. Неодамна таа сподели фотографии на кои позира во луксузен корален едноделен костим за капење, кој им се допадна на сите „помодари“ без исклучок.

Костимот за капење со длабок рез на грбот, квадратни исечоци и длабоко деколте ја истакна фигурата на ѕвездата. Што се однесува до нејзините модни додатоци, таа избра максимализам, носејќи златно ланче со привезок на кое го пишува нејзиното име, масивни златни обетки и предимензионирани Фенди очила за сонце. Косата ѝ е собрана во висока пунџа, а усните ги украси со сјајно розов кармин.

Во оваа форма, Џеј Ло го прослави Денот на независноста на САД со своето семејство, сончајќи се и релаксирајќи се покрај базен.

„Се надевам дека сите имате одличен празничен викенд исполнет со љубов, семејство, пријатели и забава“, стои во описот на фотографиите.

 

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....