14:56 - 25 март, 2026

(Фото) Џенифер Лопез и на 56 години изгледа совршено! Пејачката ја откри нејзината тајна за фит тело

Џенифер Лопез докажа дека и на 56 години жената може да изгледа совршено. Пејачката и актерка позираше во бордо спортски комплет составен од краток топ со долги ракави и хеланки во иста боја, кој ја истакна нејзината топ фигура.

На трите фотографии, направени со мобилен телефон во модерно уредена домашна теретана, Лопез позира пред огледало со минимална шминка и без филтри. Во описот кратко порача: „Нека биде едноставно.“

Објавата предизвика бројни реакции, а во коментарите следуваа и пофалби и критики. „Точно така. Големата Џени од блокот, а не мала верзија“, напиша една корисничка. Друга ја бранеше од негативните коментари: „Колку и да ја мразат некои, никогаш нема да ја видите скршена, запуштена или безволна.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Прекрасна“, „Супер си“, „Кралица“ – беа само дел од позитивните коментари. Но, имаше и такви кои сметаа дека се премногу се труди да го задржи младешкиот изглед. „Толку се труди да изгледа како да има 23 години“, гласеше еден коментар.

Некои посебно се осврнаа и на нејзините години. „Близу 60, ахаха“, напиша еден корисник, по што други корисници веднаш застанаа во нејзина одбрана и го обвинија за негативниот коментар поради годините.

Слични објави

Аца Лукас не ја смета Цеца за идеална жена: „Јас сакам паметни жени, а рурални жени не ме интересираат“

Еспресо

(Фото) Во шорцеви на настап: Маја Панчева никогаш не изгледала подобро

msp-admin

Итно хоспитализиран Мирослав Илиќ: Пејачот примен во Ургентниот центар

Еспресо

(Фото) Летување во камп во 1990-тите: Носталгичен спомен на Миа Костова

msp-admin

Ана Николиќ се врати во својот стан, соседите се очајни: „Спиевме мирно додека таа беше во хотел“

Еспресо

(Фото) Мала радост во домот на Наталија, сопругата на Андреј од ДНК

Еспресо
Се вчитува....