11:25 - 3 април, 2026

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек разменија страсни бакнежи среде улица: Љубота сè уште силно им гори

Пејачката, актерка и бизнисменка Џенифер Лопез е фотографирана како се бакнува со нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек. Фотографите ги објави Дејли Мејл.

Џенифер Лопез и Бен Афлек влетаа во објективите на папараците додека шетаа низ областа Брентвуд во Лос Анџелес со синот на Лопез, 14-годишниот Макс.

Џенифер беше облечена во лежерно но шик издание – капут, бела маица, широки панталони и патики, а изгледот го надополни со очила за сонце и чанта. Бен пак, беше облечен во јакна, џемпер и фармерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer_jilo (@jennifer_jilo)

Афлек со едната рака ја држеше Лопез, а со другата го прегрна малиот Макс. Папараците го фатија мигот и кога актерот ја бакна сопругата.

На 16 јули, Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа 20 години по нивната прва свршувачка. Овој брак беше четврти за Џенифер.

Што се однесува до Афлек, пред бракот со Лопез, тој беше во брак само еднаш – со актерката Џенифер Гарнер – од 2005 до 2018 година. Поранешните сопружници имаат три заеднички деца: 17-годишната Виолет, 13-годишната Серафина и 10-годишниот Самуел.

Слични објави

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо
Се вчитува....