8.8 C
Скопје
04:27 - 18 октомври, 2026

(Фото) Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ заедно на летување: Исплива фотографија, блескаат од среќа

Со недели се шпекулираше за емотивната врска помеѓу младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ и неговата колешка, босанската пејачка Џејла Рамовиќ, особено по фотографиите на Инстаграм од брод, на кој Јаков се бакнува со девојка која неверојатно личи на пејачката, објави српски „Курир“.

Никој од нив не се огласуваше по овој повод, тие настапуваат низ целиот Балкан, меѓутоа, сега се појави ново видео кое дополнително ги разгоре сомнежите.

Едно девојче, инаку нивна верна обожавателка, ги сретнала на летување, на коешто биле заедно, и сето ова го објавила на социјалната мрежа Тикток, што предизвика хаос на мрежите.

Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ биле лежерно облечени, расположени и насмеани.

„Еден ден, две легенди“, гласел насловот на видеоснимката, а во описот стоело: „Ист ден, исто време“.

Да потсетиме, по настапот на младиот хрватски пејач во Сава центар во Белград, Џејла зборуваше за Јаков. Инаку, во текот на еден од концертите, на сцената на Јаков му се придружи и Џејла.

„Ние ја почувствувавме таа убава енергија додека бевме таму и додека ја правевме пробата. Многу убаво се чувствувавме и по концертот, пред сето тоа да стане толку вирален. Убавата емоција меѓу нас тројцата излезе така што им се допадна и на другите луѓе“, рекла тогаш Лејла.

Она што изненади многумина беше признанието на Џејла за тоа колку многу ја понел овој заеднички момент.

„Јас сум од оние луѓе кои никогаш не гледаат ништо поврзано со мене, интервјуа и настапи, ништо не прегледувам потоа. Но, тоа видео заљубено го гледав 10 пати“, признала таа.

 

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....