12:57 - 13 ноември, 2026

(Фото) Десингерица се повреди за време на настап во Црна Гора: За малку ќе паднеше пред публиката

Српскиот рапер Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, доживеа незгода за време на настап во Црна Гора, кога за малку ќе паднеше додека се обидуваше да изведе еден од своите препознатливи перформанси со публиката.

Во моментот кога се упати кон еден посетител, тој ја потпрел ногата на звучник, кој не ја издржал тежината и се превртел. Благодарение на брзата реакција, раперот успеал да ја задржи рамнотежата и да избегне пад пред присутните.

Иако помина без посериозни последици, Десингерица се здобил со повреда на ногата. Подоцна ја покажа повредата на социјалните мрежи, каде што се гледа дека ногата му е отечена и има одрана кожа.

„Бајо, за малку ќе ја скршев ногата“, изјави Деспиќ, шегувајќи се на своја сметка.

На снимките од настапот може да се види дека тој продолжил со своите необични перформанси, па на сцената со машинка потстрижуваше еден обожавател, а потоа рендаше кашкавал над публиката.

Десингерица и претходно привлекуваше внимание со несекојдневните настапи. На некои концерти подготвуваше храна за публиката, делеше палачинки и изведуваше перформанси кои редовно предизвикуваа поделени реакции.

 

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....