12:13 - 13 ноември, 2026

Ава Карабатиќ бара донации од обожавателите за нови силикони и патување на Малдиви: „Микропластиката ми го труе телото“

Хрватската старлета Ава Карабатиќ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако јавно ги повика своите следбеници да ѝ помогнат финансиски за да замине на Малдиви и да ги замени силиконските импланти.

Во видео објавено на својот профил, Карабатиќ објасни дека силиконите ги вградила пред 20 години и дека, според неа, дошло време да ги замени.

„Драги мои, помогнете ми да заминам на Малдиви и да вградам поголеми гради. Отсекогаш ми била желба да одам на Малдиви, а сè уште не сум била. Градите треба малку да ги зголемам затоа што силиконите ги вградив пред 20 години и треба да се сменат. Тогаш не беа трајни како денешните, а секој ден ми е ризик бидејќи микропластиката полека ми го труе телото. За сè заедно ми се потребни околу 15.000 евра“, изјави Карабатиќ.

Таа објави и податоци за уплата и ги повика оние што ќе ѝ донираат средства да ѝ испратат потврда во приватна порака.

„Кога ќе уплатите, испратете ми потврда и код во порака, за да знам дека сте уплатиле. Ако се прашувате што ќе добиете за возврат, ќе објавувам попровокативни фотографии со новите гради. Знам дека нема да ме разочарате. Јас барем сум искрена. Можев да кажам дека ми требаат пари за храна и за живот, но зошто да лажам. Не сум навикната да работам, отсекогаш сè сум добивала на готово. Ајде, луѓе, верувам во вас“, порача таа.

Нејзината објава брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари, при што дел од корисниците ја критикуваа поради барањето, а други го сфатија нејзиниот настап како обид да привлече внимание.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....