17.8 C
Скопје
11:03 - 26 март, 2026

(Фото) Денеска Атиџе има повод за частење, а вака изгледа нејзината нова куќа

Атиџе Муратова, хероината на документарниот филм „Медена земја“ денес има голем повод за славење и за частење.

Имено, славната пчеларка од овчеполското село Бекрирлија денеска слави роденден, а на Фејсбук ѝ го честиташе нејзината пријателка Татјана Тајчи Додева. „Среќен роденден мила, најмила земјачке. Да си жива и здрава, секогаш весела“, напиша таа на Фејсбук.

Фото / Фејсбук

Од апсолутно непознат лик, Атиџе Муратова стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, преку несекојдневната животна приказна на Атиџе ја пренесува пораката на жената која живее во симбиоза со природата.

Фото / Фејсбук

Многу хумани луѓе, на иницијатива на Сузана Турунџиева помогнаа да се изгради новата куќа на Атиџе во селото Дорфулија. Неодамна, Атиџе покажа како живее во новиот дом, во кој често има гости.

Фото / Фејсбук

 

 

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо
Се вчитува....