8.8 C
Скопје
12:17 - 1 април, 2026

(Фото) Данијела Димитровска со подливи и модринки по третман за подмладување

Манекенката и телевизиска водителка Данијела Димитровска ги загрижи своите следбеници откако на социјалните мрежи објави фотографии и видеа на кои се гледаат подливи и модринки на нејзиниот врат. Како што објасни, станува збор за последица од естетски третман за подмладување.

Данијела им се обрати директно на загрижените обожаватели преку Инстаграм и појасни како настанале модринките.

– Не сум се тепала со никого, ниту пак ме давел некој. Станува збор за третман што ми го правеше доктор. Кој сака ваков врат – повелете! Се шегувам, едноставно имам малку почувствителна кожа и затоа вака реагирам – искрено раскажа таа.

Манекенката не крие дека редовно посетува различни третмани за разубавување и подмладување, иако, како што признава, понекогаш тие можат да имаат и несакани последици.

– Гледам дека многумина од вас се загрижија поради модринките на вратот и ви благодарам за тоа. Не се грижете, станува збор за анти-ејџ третман. Мој пропуст е што можеби не го објаснив тоа синоќа – напиша Данијела под видеото во кое јавно ги покажа трагите од третманот.

Со оваа објава таа ги смири своите следбеници и порача дека нема место за паника, бидејќи станува збор само за привремена реакција на кожата.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....