05:30 - 11 април, 2026

(Фото) Дали е ова новиот дечко на Ѓина Џиновиќ? Се возеа во бесен автомобил низ Барселона, па уживаа во луксузна вечера

Пред неколку месеци, Ѓина Џиновиќ раскина со своето момче, извесен Андреј, кого вешто го криеше од очите на јавноста, а сега сите мислат дека ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и Мелина има нов избраник.

Имено, Ѓина Џиновиќ на својот инстаграм-профил објави видео од Барселона на кое се вози низ градот во луксузен автомобил.

Згодниот маж беше возач, додека таа седеше на совозачкото седиште, а дали ова е навистина нејзиното ново момче, останува мистерија. Тие, подоцна отидоа на луксузна вечера, а Ѓина јавно објави сè на социјалните мрежи.

Да потсетиме, како што пренесуваа српските медиуми Ѓина одлучила да ја напушти Србија и да се пресели во Монте Карло.

– Таа се повлече од јавноста и донесе одлука дека сака да започне нов живот далеку од Србија и очите на домашната јавност. Монте Карло отсекогаш ѝ бил близок, има пријатели таму и се чувствува послободно – открил извор близок до семејството Џиновиќ.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....