15:59 - 5 декември, 2025

(Фото) Црвениот тепих на SAG AWARDS: Ѕвездите ги облекоа трендовите од актуелните модни недели, Зендаја кралица на вечерта

Вчеравечер во хотелот Fairmont Century Plaza во Калифорнија се одржа 29-тото доделување на Screen Actors Guild Awards. Крцкаше од луксузни креации црвениот тепих – ѕвездите блескаа не само во новите колекции, туку и во ретро (па дури и рециклирани!) фустани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SAG Awards® (@sagawards)

Во текот на последните модни недели во модните метрополи низ светот сфативме дека оваа и следната сезона во тренд се цветните принтови и воопшто цвеќињата како апликации на облеката. Тоа го потврди и Зендаја – кралицата на вечерта на синоќешното доделување на престижните SAG Awards.

Ѕвездата на Euphoria го украде центарот на вниманието појавувајќи се во цветен фустан на Валентино во нежно розова боја. Оваа боја, инаку, ќе биде една од најбараните за сезоната лето 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Check the Tag (@checkthetag)

Џена Ортега, која стана светска славна личност по објавувањето на серијата „Среда“, се потпре на црното и асиметријата.

Таа избра многу интересен фустан. Сепак, на многу корисници на социјалните мржи не им се допадна нејзиниот моден избор најмногу поради сјајниот материјал, кој изгледаше збрчкано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SAG Awards® (@sagawards)

Аманда Сејфрид се одлучи за минималистички зелен фустан на Прада. Оваа должина во последно време не ја гледаме често на црвениот тепих, но дефинитивно ни се допаѓа оваа варијација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Check the Tag (@checkthetag)

Инаку, нијасната која ја носеше Аманда одлични би изгледала на Џесика Честејн. Комбинацијата на зелена облека со црвената коса на актерката секогаш изгледа одлично. Но, таа сепак, одлучи да даде предност на розов макси фустан со спуштени раменици и акцент на половината.

За црна модна комбинација се одлучи кралицата на рециклирањето, Кејт Бланшет, која ја канализираше својата внатрешна Кетрин Хепберн благодарение на секси фустанот од Armani Privé, со тантела и светки кои веќе ги носеше во 2016 година.

Ѕвездата на White Lotus, Џенифер Кулиџ, беше многу елегантна во темен фустан и со соодветна лента во косата, изгледа инспирирана од друга голема филмска дива: Брижит Бардо.

 

 

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....