14:48 - 13 ноември, 2026

(Фото) Брус Вилис уловен во јавност: Блед, загубен и пропаднат поради деменцијата

Тешко болниот актер Брус Вилис за прв пат по долго време е виден во јавноста. Фотографиите ги објави Дејли Меил.

Папараците го фотографираа 69-годишниот Брус Вилис на 8 септември во Калифорнија. Актерот бил „уловен“ на совозачкото седиште во автомобилот. Носеше лесна кошула и црна бејзбол капа.

Ѕвездата на Last Boy Scout е видена како ѕирка во страничниот ретровизор на возилото среде тековниот топлотен бран во Јужна Калифорнија, а со него бил бодигард.

Причината за ова излегување на славниот глумец е непозната. Сепак, многубројните читатели на Дејли меил во коментарите напишаа дека актерот е видно пропаднат и дека делува изгубено.

Во февруари 2023 година, семејството на Брус Вилис објави дека актерот развил фронтотемпорална деменција. Оваа болест предизвикува постепено губење на когнитивните способности.

Вилис се ожени со глумицата и модел Ема Хеминг, која е 23 години помлада од него, на 21 март 2009 година. Во 2012 година се роди нивната ќерка Мејбел, а во 2014 година Евелин. Актерот има и три ќерки со Деми Мур, со која беше во брак од 1987 до 2000 година: Румер, Скаут и Талула.

По смртта на Бора Чорба, само еден член на „Рибља чорба“ остана меѓу живите: Смртта на пријателите беше шокантна за Бора

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....