28.8 C
Скопје
19:42 - 13 август, 2026

(Фото) Брус Вилис го прослави роденденот со Деми Мур: Актерот во прегратка на поранешната сопруга

Домот на Брус Вилис вчера беше полн со радост зашто актерот го прослави својот 69-ти роденден. Иако тешко е болен, херојот на акционите филмови се труди да остане колку што е можно активен, а за роденден го собрал семејството за сите да се забавуваат заедно.

Секако, прославата не ја пропуштила ниту поранешната сопруга на Вилис, актерката Деми Мур, која на својот инстаграм-профил објави видео како среќно се бакнува со актерот додека нивната најстара ќерка Румер Вилис ги снима.

Со нежни зборови: „Среќен роденден! Те сакаме и благодарни сме што те имаме”, Деми Мур му посака среќен роденден на поранешниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Потсетуваме дека во март минатата година одекна веста дека Брус Вилис е тешко болен. Семејството на славниот актер тогаш објави дека ѕвездата на акционите холивудски блокбастери боледува од фронтотемпорална деменција, а неколку месеци подоцна се зборуваше дека неговата состојба се влошува.

Работата да биде уште полоша, ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, Талула Вилис неодамна ја изненади јавноста кога на социјалните мрежи ја сподели својата дијагноза за аутизам. Веста шокираше многумина, бидејќи Талула претходно беше отворена за нејзината борба со дисморфија, и нарушување во исхраната.

Слични објави

(Видео) „Ќе те сакам до последниот здив“: 11 години помладиот свршеник на Тања Савиќ јавно ѝ искажа љубов

Еспресо

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

(Фото) Зајдисонце, плажа и многу насмевки – Сара Мејс и Димитар Атанасовски на семеен одмор во Египет

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ ја одбележа светската недела на доењето

Еспресо

(Фото) Ана Севиќ со семејството е во близина на големиот пожар во Црна Гора: „Господе Боже, помогни“

Еспресо

„Одев само во основно училиште“: Свршеникот на Јована Јеремиќ ја откри вистината за образованието

Еспресо
Се вчитува....