07:33 - 27 февруари, 2026

(Фото) Брук Шилдс блесна на црвениот тепих на Тони Авардс: На нозете носеше папучки за на плажа порди операциите

Американскиот супермодел и актерка Брук Шилдс се појави на црвениот тепих на 77-то доделување на наградите Тони 2024 во Њујорк на 16 јуни. Ѕвездата го спои гламурозниот фустан во светла жолта нијанса со многу удобни чевли, пренесува Daily Mail.

59-годишната Шилдс на церемонијата се појави во долг светло жолт фустан од брендот Monique Lhuillier. Половината на актерката беше украсена со мала машна. Накитот на Шилдс вклучуваше големи обетки со бисери, прстени и неколку нараквици. Во раката држеше мала златна чантичка. Брук ја обликуваше својата темно кафеава коса во меки бранови кои без напор паѓаа преку нејзините раменици. Убавицата носеше вечерна шминка, истакнувајќи ги кафените очи и нагласените веѓи.

Позирајќи пред фотографите, моделот се обиде да ги покаже необичните чевли кои се многу удобни. Манекенката носеше „крокс“ -модел за на плажа, но сепак нијансата одговараше со нејзиниот светол фустан. „Го добив мојот Crocs! Не можев да дојдам со потпетици!“, објасни таа пред камерите.

Изборот на чевлите на моделот не беше случаен. Последниве денови, ѕвездата мораше да оди на операција на двете стапала, па сè уште не може да носи елегантни чевли.

Претходно, во април, Брук Шилдс и нејзината ќерка блеснаа на црвениот тепих на балот TriBeCa во Њујорк. Манекенката, во брак со Крис Хенчи, има две ќерки. 17-годишната Гриер тргна по стапките на мајка си, градејќи манекенска кариера.

Слични објави

(Фото) Краткиот шорц ѝ ги истакна долгите нозе: Ќерката на Здравко Чолиќ на ноќно излегување по бомбашкиот напад на нивниот дом

Еспресо

„Ќерките се селат и се мажат, нормално е“: Харис Џиновиќ за преселбата на Ѓина во Барселона и неговиот зет

Еспресо

(Фото) Дечкото на Тања Савиќ го прослави 30. роденден: Муки направи фешта, а „падна“ и бакнеж

Еспресо

(Фото) Се бакнуваат, таа стави и сино срце: Љубовната објава на Милица Тодоровиќ ги воодушеви луѓето!

Еспресо

Душко Тошиќ постојано ја посетува оваа пејачка! Таа ги откри деталите: „Воопшто не ме изненади што тие…“

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Органодарителството е чин на највисока солидарност

Еспресо
Се вчитува....