09:35 - 20 декември, 2025

(Фото) Билјана Дебарлиева: Матурата на синот Мики се славеше со две забави во викендичка

Дебарлиеви на оригинален начин ја прославија матурата на синот Мики. Во природа, во нивната викендица во Скопска Црна Гора се собраа нивните најблиски и како што вели Билјана, се славело во две смени, преку ден за возрасните, а вечерта, со „журка“ за помладите.

Билјана со сопругот

Билјана Дебарлиева и нејзиниот сопруг Јован се горди на синот Миле, кој е матурант. На социјалните мрежи, познатата новинарка и ТВ презентерка објави фотографии од синот, дотеран пред матурската прослава.

Изминатиов викенд, Дебарлиеви на оригинален начин ја прославија матурата на Миле (Мики). Во природа, во нивната викендица во Скопска Црна Гора се собраа нивните најблиски и како што вели Билјана, се славело во две смени, преку ден за возрасните, а вечерта, со „журка“ за помладите.

-Ја прославивме матурата кај нас во викендичка, на отворено со нашите најблиски и пријателите преку ден, а во вечерните часови журката продолжи со младите, кои славеа до доцна во ноќта“, ни раскажа Билјана.

Мики

-Мики заврши средно во Гимназијата „Георги Димитров“, смер ОХА, а планот и желбата е да го продолжи образованието на Економски факултет, смер Е-бизнис на УКИМ. Дополнително, желба и интерес му е и графички дизајн, но усовршувањрто во поглед на тоа може да го стекне и понатаму, преку различните Академии кои ги нудат тие можности и кај нас“, вели Билјана за Еспресо.

-Како родители, среќни сме и горди што успешно заврши едно важно поглавје од неговото образование и сега веќе влегува во светот на возрасните, со сите предизвици што ги носи животот понатаму, иако оваа негова генерација уште од самиот почеток се соочи со нешто неочекувано, а тоа беше ковид пандемијата, која две години буквално го затвори дома, во години кои се најинтересни за дружење, запознавање и слично“, вели Билјана. Таа од минатата година е водител на емисијата „Фактор здравје“ на ТВ 24, откако 11 години беше дел од тимот на Канал 5 телевизија.
-Ама веројатно научија дека човек треба да се прилагодува на сѐ, и на секоја ситуација, кои во животот ќе ги има многу“, додава таа.

Дебарлиева вели дека ќерката Ана која е 10 години постара од синот, таа, и нејзинот сопруг му се голема поддршка во секој поглед на младиот матурант.

-Го советуваме, ја почитуваме секоја негова идеја или план, ама на крајот сепак останува на него да го одбере она во што најмногу се пронаоѓа и ќе го прави со љубов и посветеност. Она што сега следува е полагањето на државната Матура, запишувањето на факултет и потоа, како се вели – со нови сили, во нови предизвици“, вели гордата мајка која ни испрати фотографија од синот со неговата другарка од класот и партнерка на матурската, Мариа.

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 декември: Искористете ја вашата енергија за да донесете важни одлуки

apostolova

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо
Се вчитува....