5.8 C
Скопје
04:48 - 1 април, 2026

(Фото) Бен Афлек и Џејсон Момоа се обединија во Аквамен 2, ќе се најде ли место во филмот за Амбер Херд?

Бен Афлек и Џејсон Момоа се повторно заедно на сетот за Аквамен 2. Ова не е официјално соопштение за медиумите придружено со вообичаената огромна возбуда, туку објава на Инстаграм, и тоа од Момоа на неговиот официјален профил.

„Брус и Артур повторно се обединија“, пишува Момоа. „Те сакам, Бен, и ми недостигаш“.

Непосредно пред објавата која ја открива големата вест, стигнува и приказна во која актерот налетува на група посетители на студиото „Ворнер Брос“ во Лос Анџелес, каде се снима филмот и вели: „Веќе не е тајна, да очигледно е“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Освен Бен Афлек и Џејсон Мамоа, другите глумци во екипата се уште се тајна.

По поразот на судењето со поранешниот сопруг Џони Деп, се шпекулираше дека Амбер Херд е отстранета од екипата. Во моментов нема официјална потврда за ова, но веројатно е дека, по објавувањето на Бен Афлек во актерската екипа, Ворнер Брос ќе почне да го разгранува заплетот со повеќе детали и нови вклучени актери.

Во моментов, сепак, фановите мора да се задоволат со фотографии на Бен во друштво на Џејсон Момоа, креаторот на неочекуваната објава.

Оскаровецот Бен Афлек пак, нема профили на социјалните профили и затоа вестите кои се однесуваат на него се дознаваат од профилите на другите. Во случајов тоа е од профилот на Момоа, но во секојдневието преку профилот на неговата сопруга Џенифер Лопез.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....