10:32 - 3 април, 2026

(Фото) Балкански крај на Карпошево Културно Лето 2023

 Балканските ѕвезди Ѓорѓе Давид и Ивана Петерс, заедно со македонските музички ѕвезди Александар Јосифовски и Славица Анѓелова, со одличен перформанс ги забавуваа скопјани во рамки на неколкудневната манифестација „Карпошево Културно Лето 2023“.
На плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, скопјани уживаа во двочасовните изведби на овие музички имиња следени од бендот „Death Saw”. Последната вечер на Карпошево Културно Лето 2023 беше во организација на Општина Карпош и Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4 Македонија во соработка со менаџерот на музичките имиња за Македонија, Вера Мештеровиќ.
Нивната проактивност, сред недела соедини толпа од различни генерации, давајќи им можност да уживаат во моментот и во животот. Не постои подобар подарок од испеан збор, ниту подобар живот од оној проследен со песна. Скопјани максимално уживаа во хиперактивниот настап на сите рок изведувачи.
Со овој концерт заврши овогодишното Карпошево Културно Лето 2023, на кое продефилираа неколку музички и актерски имиња од македонската сцена.

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј во невидено издание

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....