5.8 C
Скопје
00:17 - 1 април, 2026

(ФОТО) Арон Картер го ставил на продажба својот дом во Калифорнија пред неговата ненадејна смрт, еве зошто!

Еден месец пред неговата ненадејна смрт, пејачот Арон Картер ја ставил својата куќа на продажба за да започне „ново поглавје“ во животот, пренесува People.

34-годишниот пејач го ставил својот дом во Ланкастер, Калифорнија за продажба кон крајот на септември 2022 година. Една недела пред неговата смрт, Арон Картер објави скриншот од својата реклама на својот личен блог, намалувајќи ја цената за 30.000 долари.

„Ја продавам мојата втора омилена куќа. Подготвен за ново поглавје во мојот трет дом каде планирам да останам за да живеам прекрасен живот со моето семејство“, напиша Картер.

Пејачот додаде дека оваа година му била многу тешка, но научил многу и им се заблагодарил на претплатниците за поддршката.

Во 2020 година, Арон Картер се сврши со манекенката Мелани Мартин, а една година подоцна го добија синот Принц.

На 5 ноември 2022 година, Арон Картер беше пронајден мртов. Според таблоидот ТМЗ, телото на пејачот било пронајдено во кадата на неговата куќа.

Пејачот, ТВ водител и помладиот брат на Ник Картер од Бекстрит Бојс се прослави во доцните 1990-ти. Во текот на својата кариера, Арон Картер објави четири студиски албуми, од кои првиот излезе кога имаше само 9 години.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....