0.8 C
Скопје
03:43 - 13 март, 2026

(Фото) Анџелина Џоли поттикна гласини за љубовна врска со британскиот рапер

Холивудската суперѕвезда Анџелина Џоли, која го претстави филмот „Марија“ на филмскиот фестивал во Венеција, е забележана во друштво на британскиот рапер и активист Акала, пишува People.

Двојката била видена како го напуштаат хотелот во кој престојувале заедно.

На социјалните мрежи веднаш се проширија гласини дека постои љубовна афера меѓу 49-годишната актерка и 40-годишниот музичар, но извори блиски до познатите ги демантираат шпекулациите. Според нив, Џоли е само блиска пријателка со Акала и неговата девојка Шанел, која исто така била во Венеција.

„Тие ја делат истата страст кога станува збор за социјалните и хуманитарните прашања. Тие имаат направено неколку соработки во текот на годините за глобални прашања како што се човековите права. Енџи зборува со голема почит за него“, вели извор за Пипл.

Списанието „In Touch“ претходно тврдеше дека актерката се забавувала со музичарот „повеќе од една година“. Сепак, извор на People тврди дека Џоли „моментално е сингл и не излегува со никого сериозно“.

Првпат почна да се зборува за романсата на ѕвездите во мај минатата година, кога Акала им се придружи на Џоли и нејзините ќерки Захара и Шајло на литературниот фестивал Калабаш во Јамајка. Според очевидец, тој „само се грижел за нив и ги штител“.

Шест месеци подоцна, Џоли и Акала повторно беа „уловени“ од папараците во Милано, каде што вечераа заедно.

Акала – односно Кингсли Џејмс Меклин Дејли – кариерата ја започна како рапер пред да се сврти кон политички активизам, поддржувајќи го поранешниот лабуристички пратеник Џереми Корбин на изборите во Обединетото Кралство во 2017 година. Неговата постара сестра е исто така позната пејачка и раперка Ms. Dynamite. Таа имаше низа хитови во раните 2000-ти со нејзиниот деби албум A Little Deeper, кој ја освои престижната награда Mercury Music Prize.

 

 

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....