15:24 - 6 април, 2026

(Фото) Ана Севиќ направи промена на лицето: Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ веќе не изгледа исто

Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ и поранешна сопруга на пејачот Дарко Лазиќ, Ана Севиќ, се одлучи за мала, но забележлива промена во изгледот. Таа на својот Инстаграм профил откри како изгледа по корекцијата.

Ана е позната по тоа што многу внимава на себе, а според сè, со промената е повеќе од задоволна. Станува збор за корекција на веѓите, со која водителката јавно се пофали на социјалните мрежи.

– Ред, работа, дисциплина – напиша Ана во описот на објавата.

Малкумина знаат дека Ана Севиќ израснала без татко и дека го запознала дури кога започнала да се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“. Таа растела само со мајка ѝ Даниела, а татко ѝ Видан од Ужице го запознала дури кога станала возрасна.

– Ана и нејзиниот татко Видан немале никаков контакт речиси 20 години. Не се слушале ниту разговарале во тој период. Нејзината мајка, како млада девојка, останала бремена со Видан и со бебето во стомакот заминала во Белград. Се зборувало дека детето е негово, но ништо не било официјално потврдено, бидејќи станувало збор за кратка врска без сериозни планови за иднината. Со текот на времето се појавиле разни гласини, а приказната била заташкана. Многумина ја обвинувале мајката дека детето ќе расте без татко поради нејзиниот начин на живот. Таа тогаш решила целосно да се тргне од сè, започнала нов живот во Белград и наскоро се омажила – открил извор во една пригода.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....