13:37 - 18 ноември, 2026

(Фото) Еве како денес изгледа пејачката Смиља Митревска која си замина од Македонија: Ќе се изненадите со кого се дружи

Легендарната пејачка Смиља Митревска која не живее во Македонија сега ретко се појавува во јавноста, иако уште пее и е активна на сцената повремено.

Слика од неа објави Дани Димитровска, и до неа напиша: „Со мојата омилена пејачка од детството“. На сликата може да се забележи дека Смиља Митревска изгледа одлично и дека е жена што се негува и вложува во себе.

Фото / Инстаграм

Во 2001 година, таа се пресели во Барселона, Шпанија, но нејзиното срце остана во Македонија. Смиља Митревска има 65 години и е една од најдобрите пејачки на сцената. Лани се појави на „Роса фест“ каде што ја доби наградата за животно дело и откри дека не се откажува од музиката, објави „Женски магазин“.

-Имавме една музичка група со која што работевме. Во неа членуваа музичари од Босна и од Србија, правевме многу концерти. Претежно си ја застапував и ширев мојата македонска песна. Настапувавме во шпански локали- рече пејачката за „Женски магазин“.

Таа стана популарана како пејачка на групата „Тавче гравче“, а потоа и како солист, а ги отпеа хитовите „Дај ми надеж“, „Моминска клетва“, „Заплачи небо“ и други.

Слични објави

Животната приказна на Светлана Цеца Бојковиќ: Славната актерка храбро ја следеше љубовта и им пркосеше на тогашните општествени норми

E.A.

Омилениот прилог за домашниот ручек — рецепт за кремасто пире со путер и млеко

К.С.

Емина Јаховиќ првпат проговори за скандалот со сопругата на Мустафа и наводната проневера на 200 милиони долари: „Тој нема никаква врска со тоа“

Еспресо

Халид Муслимовиќ со трогателно сеќавање за Халид Бешлиќ и Шабан Шаулиќ: „Лекарот ми рече дека сè можело да се спречи на време, но тоа е судбина“

E.A.

Кеба го коментираше случајот со синот на Вељко Ражнатовиќ: „Секој има право на свое мислење, но тој исправно размислува“

E.A.

Хороскоп за 18 ноември: Скорпии, ќе бидете незадоволни од деловните резултати

Еспресо
Се вчитува....