2.8 C
Скопје
02:33 - 14 март, 2026

(Фото) Александра Пријовиќ објави каде ќе пее на 31 декември: Со нетрпение очекувам да ја дочекаме Новата година заедно!

Популарната српска фолк пејачка Александра Пријовиќ, која минатата година ги забавуваше гостите за новогодишната реприза во хотелот „Краун Плаза“, а за дочекот беше во арената Центар во Бања Лука, годинава ќе настапи во комплетно реновираниот Сава центар во Белград.

Прија, која инаку е снаа на Лепа Брена, сега преку својот инстаграм-профил ги извести бројните обожаватели дека за Нова година ќе можат да ја слушаат во Белград.

 


Пејачката Александра Пријовиќ забележа голем успех со трите концерти што ги одржа во арената во Белград, а интензивно се подготвува и за концерти во Босна и Херцеговина, Ниш и Загреб.

Александра за кратко време стана една од најбараните, но и најплатените пејачки од српската сцена.

Прија сега ја сподели веста на својот инстаграм-профил, што без сомнение ги израдува сите нејзини обожаватели.

По низата распродадени влезници за концертите, Александра ќе пее за Нова година во Сава центар во Белград.

Српските медиуми пишуваат дека сите кои биле спречени да присуствуваат на некој од нејзините концерти или пак, сакаат да уживаат во нејзиниот глас, тоа ќе можат да го направат на 31 декември.

„Сава центар, Белград. Со нетрпение очекувам да ја дочекаме Новата година заедно!“, напиша Александра на својот профил.

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....