12.8 C
Скопје
19:05 - 3 април, 2026

(Фото) Адел се мажи по вторпат

Британската пејачка Адел и официјално ја потврди свршувачката со Рич Пол за време на настапот во Минхен, пишува „Пипл“.

Актерката им кажа на обожавателите дека „се сврши“ директно од сцената, покажувајќи го својот дијамантски прстен и ѝ се обрати на толпата во специјално изградената арена на отворено со 80.000 седишта.

Пејачката пред публиката прочитала натпис на кој пишувало „Дали ќе се омажиш за мене?“, па одговорила: „Не можам да се омажам за тебе затоа што веќе се мажам!“

36-годишната пејачка и 42-годишниот спортски агент Рич Пол, кои се во врска од 2021 година, тајно се свршија минатиот месец откако тој ја запроси во нејзиниот роден Тотенхем, северен Лондон.

И покрај повеќемесечните гласини дека Адел и Рич веќе се во брак, сега се откри дека парот всушност само што се свршил.

Тие за прв патја објавија својата врска во јули 2021 година, кога седеа заедно за време на натпревар на НБА. Добитничката на голем број музички награди одамна носи дијамантски прстен во облик на круша на прстот од левата рака.

Адел го запознала Рич на роденденска забава на заеднички пријател.

Британската славна личност најде сила да го преживее тешкиот развод од нејзиниот поранешен сопруг Сајмон Конецки, на кого му го роди синот Анџело и да ја надмине зависноста од алкохол. Сега сите ја чекаат нејзината венчавка со спортскиот агент Рич Пол.

Слични објави

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо
Се вчитува....