10.8 C
Скопје
03:34 - 28 септември, 2026

(Фото) 27-годишен маж намерно го фрлил телефонот кон Бебе Реџа, сакал да види дали може да ја погоди пејачката

Бебе Реџа се здоби со повреди на лицето и главата откако беше удирана со телефон на концертот во Њујорк на 18 јуни. Николас Малавања од Њу Џерси беше уапсен и обвинет за нападот.

Пејачката со албанско потекло вчера на социјалните мрежи покажа со какви повреди се здобила. Таа заврши со копци на главата лицето, а Николас Малавања набрзо беше уапсен откако ја удри пејачката со мобилен телефон во лицето на нејзиниот настап.

Според канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Малавања не само што признал дека го фрлил телефонот, тој исто така изјавил:

„Се обидував да видам дали можам да ја удрам со телефон на крајот од концертот бидејќи тоа би било забавно“.

Моментот кога пејачката ја удри телефонот е снимен на камера, а видеото е објавено на Твитер.

Инцидентот се случи при крајот на настапот, а концертот нагло беше прекинат.

Истрагата на њујоршката полиција „утврди дека 27-годишен маж намерно го фрлил телефонот“ кон 33 годишната пејачка на која ѝ беше укажана помош и беше пренесена во локалната болница.

Доби неколку копци на главата, дознава „Ролинг Стоун“.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....