13.8 C
Скопје
16:06 - 17 октомври, 2026

Филмско бегство со тротинети: Откриени нови детали за нападот врз домот на Здравко Чолиќ

Полицијата во Белград го уапси и третиот осомничен за бомбашките напади кои ја потресоа српската престолнина. Истрагата открива бизарни детали – напаѓачите користеле електрични тротинети за да се прикрадат до целта и да побегнат, додека целиот чин го снимале со мобилен телефон.

Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека припадниците на белградската полиција и УКП, во координација со Вишото јавно обвинителство, го уапсиле и третото лице осомничено за фрлање рачни бомби врз семејни куќи во Белград. Уапсениот П. С. (28) се сомничи дека заедно со Сенад М. (32) и Марко А. (кои беа приведени претходно) учествувал во нападите кои ја вознемирија престолнината, вклучувајќи го и активирањето на експлозивната направа во дворот на познатиот пејач Здравко Чолиќ.

Најшокантните детали доаѓаат од истрагата за нападот што се случи на 3 февруари 2026 година на Савски венец. Според наводите, групата имала прецизно поделени улоги:

До Дедиње прво стигнале со такси возило, а потоа користеле електричен тротинет за да пристапат до метата што е можно понезабележително. Околу 04:52 часот, осомничениот по кој се трагаше (сега уапсениот П. С.) ја активирал и ја фрлил бомбата во дворот на куќата на Чолиќ. Додека траел нападот, неговиот соучесник С. М. внимавал некој да не наиде, но во исто време со мобилен телефон го снимал целиот настан. Веднаш по детонацијата, напаѓачите со тротинетот експресно се оддалечиле од местото.

П. С. исто така се сомничи дека учествувал и во нападот од 20 ноември 2025 година на Палилула. Тогаш осомничените користеле „рент-а-кар“ возило од марката „Тојота“ за да стигнат до куќата на оштетениот Р. К., каде околу 02:30 часот фрлиле бомба која експлодирала помеѓу два станбени објекти.

Како клучен логистичар е означен Марко А. Тој се терети дека им ги ставил на располагање минско-експлозивните средства чие поседување е со закон забрането за граѓаните.

При сослушувањето во Вишото јавно обвинителство, осомничените не биле расположени за соработка. Сенад М. го искористил законското право да не изнесува одбрана, додека Марко А. накратко ја негирал вината и одбил да одговара на прашањата на обвинителот.

На уапсениот П. С., со решение на судија на Вишиот суд во Белград, му е одреден притвор во траење до 30 дена. Тој се товари за кривичните дела: недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи, како и предизвикување општа опасност. Со ова апсење, полицијата во целост расветли два инциденти кои беа во фокусот на јавноста.

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....