11.8 C
Скопје
21:19 - 3 април, 2026

Фаучи: Велика Британија не ја проучи вакцината против ковид-19 толку внимателно како САД

Британските здравствени регулатори кои ја одобрија вакцината на Фајзер против ковид-19 не ги проучувале податоците од студијата толку внимателно како што ги испитува американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во својот преглед, тврди Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

– Начинот на кој го прави нашата ФДА е вистински начин, рече Фаучи во интервју за Фокс Њуз.

– Навистина многу внимателно ги испитуваме податоците за да и гарантираме на американската јавност дека станува збор за безбедна и ефикасна вакцина, рече тој.

Тој изрази страв дека во спротивно „ ќе придонесат за веќе постоечко двоумење на многу луѓе дали да примат вакцина затоа што се загрижени за безбедноста или се загрижени затоа што сме почнале премногу брзо, пренесува Си Ен Ен.

Фаучи рече дека е важно за Американците да имаат позитивно чувство за потенцијалната вакцина против ковид-19.

– Имаме златен стандард за регулаторен пристап со ФДА. Велика Британија не го направи тоа толку внимателно и ги забрза работите за неколку дена, рече тој.

Фаучи, сепак, додаде дека не смета дека има големи разлики и дека многу скоро и САД ќе биде на зацртаната цел.

Слични објави

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.
Се вчитува....