06:01 - 12 март, 2026

Фановите шокирани од изгледот на 54-годишната пејачка Гвен Стефани: „На мојата помлада верзија би ѝ порачала да не излегува на сонце и да става крема за сончање“

Некои од обожавателите на американската пејачка Гвен Стефани останаа шокирани кога дознаа дека таа неодамна наполни 53 години, а се уште изгледа како да е многу млада.

„Гвен Стефани или не старее или е замрзната“, „Ве молам дозволете ми да остарам како Гвен Стефани“,  „Би сакал да имам генетика како неа“ пишуваа корисниците на Твитер.

Поради убавината и младешкиот изглед таа и порано беше во центарот на вниманието, па во една прилика ја сподели својата тајна како да се постигне она што изгледа како вечна младост.

Додека се возеше со славниот водител Џејмс Корден, познат по тоа што интервјуира познати личности во автомобил, Стефани се отвори и зборуваше за нејзиниот изглед, а многумина беа изненадени зашто заслугите за тоа му ги припиша на „вљубувањето“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwen Stefani (@gwenstefani)

На почетокот на оваа година, во интервју за Форбс, таа зборуваше за истото прашање и нагласи дека се работи за едноставност, доследност и дисциплина.

-Негата на кожата отсекогаш ми била прилично едноставна и минимална. Мојата утринска рутина главно вклучува молитва, миење заби и хидратација. Повремено правам масажа на лицето за да ги намалам отоците, доколку се појават, откри пејачката и додаде дека секогаш внимава да не си легне нашминкана, па секогаш пред спиење ја вади шминката и нанесува хидратантна крема на лицето.

-Единственото правило за нега на кожата што ми се допаѓа, особено како што стареам, е хидратацијата. Сакам мојата кожа да изгледа исклучително свежо за разлика од оној мат, претерано сув и напудрен изглед, рече таа.

Стефани ја истакна и важноста на заштитата на кожата од сонце.

-На мојата помлада верзија би ѝ порачала да не излегува на сонце и да става крема за сончање, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwen Stefani (@gwenstefani)

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....