03:24 - 7 ноември, 2026

Фановите огорчени на Боб Дилан – платиле 600 долари, а добиле книга со автоматски потпис

Боб Дилан се извини за погрешната проценка, како што рече, откако се покажа дека користел таканаречен автопен, односно машина за автоматска репродукција на потписи, на ексклузивните примероци од неговата нова книга, а кои биле рекламирани како рачно потпишани.

Фановите кои платија 599 долари за едeн од 900. примероци од книгата на музичката легенда со наслов „Филозофија на модерната песна“, беа огорчени откако почнаа да споделуваат фотографии од своите примероци на форумите, па набрзо стана јасно дека секоја книга има речиси идентичен потпис, пренесува „Си-ен-ен“.

Дилан се огласи на социјалните мрежи минатиот викенд. Тој им се извини на своите фанови и објасни дека му било советувано да користи автопен бидејќи од 2019 година страда од тешка вртоглавица, што го спречило да ги потпишува книгите со рака.

„Со години го потпишував секој уметнички принт рачно и никогаш досега немав проблем со тоа,“ напиша тој на својата Фејсбук страница.

„Но, во 2019 година почнав да страдам од тешка вртоглавица што продолжи дури и во екот на пандемијата. Ми требаа најмалку пет соработници да ми помогнат да потпишувам, што беше невозможно во времето кога беснееше вирусот.“

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....