13:30 - 13 ноември, 2026

НАТО ќе помогне Украина полесно да ја преброди зимата

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО се собраа во Букурешт за да изнајдат начини како да им помогнат на милиони Украинци кои се без струја и греење и да ја изразат поддршката за украинската војска пред зимската воена кампања.

Во услови кога двете страни не отстапуваат и нема политички разговори за завршување на војната, западните дипломати предупредуваат дека Украина ја чека тешка зима, што дополнително се влошува со секој нов руски ракетен напад на цивилната инфраструктура. Додека траеше состанокот во Букурешт, низ Украина повторно се огласија сирени за воздушна тревога.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека остануваат со Украина која ќе биде членка на западната воена алијанса.

„НАТО ќе биде со Украина колку што е потребно. Нема да отстапиме. Поддршката за Украина е нашиот главен фокус. Вратите на НАТО се отворени. Русија не може да стави вето на приемот на нови членки. Путин наскоро ќе ги добие и Шведска и Финска во НАТО, а го поддржуваме и идното членство на Украина. Путин не може да спречи суверени нации да носат суверени одлуки. Мислам дека она од што тој се плаши се демократија и слобода“, изјави Столтенберг.

 

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....