5.8 C
Скопје
19:31 - 28 февруари, 2026

Фановите на Шакира не сакаат Том Круз да ја „преобрати“ во скиентологија: „Не излегувај со него, ќе те промени!“ 

По Гран При-то на Формула 1 во Мајами, каде Шакира се дружеше и со Ф1 пилотот Луис Хамилтон, но квалитетно време помина и со Том Круз (а потоа биле уловени заедно и на вечера во интимен ресторан), се огласија фановите на колумбиската пејачка.

Според извори блиски до актерот, тој бил исклучително заинтересиран за сериозна врска со Шакира, па дури и испраќал цвеќиња во нејзината хотелска соба. До сега се чинеше дека Шакира ужива во својот нов живот на слободна жена, но кој може да се меша во „работите“ на срцето кои секогаш излеуваат од контрола.

Сепак, ѕвездата од „Top Gun: Maverick“ очигледно нема „одобрение“ за врска со пејачката од ниту еден од обожавателите на Шакира и тоа поради неговата историја на пропаднати љубовни врски. И покрај тоа што Круз беше во љубовна романса со некои од најголемите холивудски познати личности, нема голема репутација кога се во прашање врските.

Некои го искористија ова како совршена можност да го „тролаат“ Том Круз за неговата скиентолошка религија и ја предупредија Шакира да не излегува со него токму поради тоа. А, други пак, едноставно укажуваат на екстремните нарцисоидни карактеристики на актерот.

Без оглед на овие предупредувања од нејзините обожаватели, пејачката наводно веќе го освоила актерот и којзнае што ќе биде понатаму… Накратко, британски „Пејџ сикс“ известува дека Том Круз бил апсолутно „поразен“ од жешката и згодна Колумбијка и „тој е желен да продолжи да поминува време со неа“. Во меѓувреме, се дознава дека Шакира (која и на Формула 1 настанот беше придружувана од нејзините два сина, Милан и Саша, кои се и синовите на Жерар Пике), веќе ги запознала децата со Круз, а тие биле воодушевени од него. Заедно со мајка си го гледале и новиот филм на Круз „Топ Ган Маверик“ кој многу им се допаднал.

 

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Чолиќ ја напушти Србија откако беше фрлена бомба врз нивниот дом: Еве што прави Лара на патувањето

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ се сврши: Рале ја запроси облечен во гаќи

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо

Хороскоп за 28 февруари: Биковите треба да ги изразат чувствата, Скорпиите ги очекува добар ден за комуникација

Еспресо

Гога Секулиќ во тага за својот роденден: Пејачката се огласи, еве што порача

Еспресо

(Видео) Ава Керш се отвори за бракот со Пепи Бафтировски: Тоа беше авантура

Еспресо
Се вчитува....