09:12 - 2 април, 2026

Фановите на „Куќата на змејот“ фрустрирани: Се жалат дека не можат да видат ништо во новата епизода

Новата епизода од хит серијата House of the Dragon предизвика фрустрациии кај фановите. Исто како и кај Game of Thrones, гледачите се жалат дека не можат да видат што се случува. Добро, драма полна со убиства, осакатувања и инцести мора да биде мрачна, но луѓето мислат дека нема потреба буквално да биде толку мрачно и ништо да не може да се види.

„Новата епизода изгледа добро, би сакал да потрошеле дел од парите на змејот на осветлување за да можам да видам нешто“, еден гледач се пожали на Твитер, а следуваше лавина од коментари:

„Не можеме да видиме ништо во вечерашната епизода на House of the Dragon.“

„ House of the Dragon е буквално најмрачната серија што сум ја гледал. Не можам да видам ништо.“

„Секоја недела се надевам дека House of the Dragon е добро осветлена и дека ќе можам да го видам дејството во целата епизода.“

HBO Max на Твитер одговори на поплаките на обожавателите за спорната епизода.

„Ги цениме вашите дојави во врска со ноќната сцена во House of the Dragon: епизода 7 се појавува затемнето на вашите екрани. Пригушеното осветлување на оваа сцена беше намерна креативна одлука. Ви благодариме!

House of the Dragon е заснована на книгата Fire and Blood од Џорџ Р.Р. Мартин, чие дејство е сместено 200 години пред настаните на Game of Thrones. Драмската серија со Мет Смит, Ема Дарси и Педи Консидин го прикажува почетокот на крајот на Куќата Таргариен и настаните кои ја предизвикаа граѓанската војна во Таргариен, позната како Танцот на змејовите.

По успешното лансирање на серијата во август, потврдена е и втора сезона, па се чини дека ни претстои многу темнина.

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....