5.8 C
Скопје
02:16 - 1 април, 2026

Европското првенство во секс пропадна: „Спортистите“ во секс го напуштиле натпреварувањето и бараат отштета

Европското првенство во секс, кое беше организирано во Шведска, беше откажано откако порно ѕвездите го напуштија натпреварувањето поради проблеми кои настанале.

Натпреварот требаше да трае шест недели. Од учесниците било побарано да имаат секс најмалку 45 минути дневно, за што би им било платено по околу 200 евра дневно, а ќе беше оценета нивната издржливост, техника и креативност.

Но, сите тие го напуштиле натпреварот и изјавија дека организаторот Драган Братиќ, кој по потекло е од Топузово Поље во Босна и Херцеговина, и неговата шведска Секс Федерација не им ги платиле хонорарите на „спортистите“.

Талија Минт од Украина објави видео на кое се гледа како Братиќ се обидува да ѝ го грабне мобилниот телефон од рака.

– Сите сакавме ова да функционира. Бевме многу возбудени за можноста да бидеме дел од овој проект. Тој (Братиќ) одбива да ми плати за моето време и мојата работа и сега ги имате сите информации за овој проект, сакам отштета – рече Украинката.

Хрватската натпреварувачка која регионот ја испрати со „помпа“ и желби за добар секс, не се огласи се уште.

Според Украинката, натпреварувачите повикале полиција, но полицијата не може да влезе во имотот без налог. Таа поднела тужба против Братиќ и Шведската Сексуална федерација и бара отштета.

Хрватската натпреварувачка Марија Задравец исто така ја напуштила куќата, според хрватските медиуми.

Потсетуваме, дека ова „спортско“ натпреварување во секс не е дел од спортската шведска федерација, туку е незвисно организиран проект.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....