12.8 C
Скопје
13:07 - 27 март, 2026

Еве колкав број Британци сакаат на принцот Хари и Меган Маркл да им се одземат титулите, и зошто

Процентот на Британци кои ја поддржуваат идејата да им се одземат титулите на принцот Хари и Меган Маркл изнесува 44%. Ова го пренесува Daily Mail повикувајќи се на студија спроведена од сервисот YouGov.

Анкетата по објавувањето на документарната серија „Меган и Хари“ на Нетфликс, исто така, покажа дека 32 отсто од луѓето во Англија не мислат дека на Хари и на Меган треба да им се одземат кралските титули.

По гледањето на серијата, 44% од Британците чувствувале повеќе сочувство за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, додека 17% признале дека чувствуваат повеќе сочувство за Хари и Меган. Во исто време, 23% почнале да размислуваат полошо за војводите од Сасекс, а 7% – подобро.

Забележано е дека 65% од жителите на Велика Британија се сигурни дека принцот Хари и Меган Маркл самостојно донеле одлука да ги напуштат своите кралски должности и да ја напуштат земјата, а 11% веруваат дека биле принудени на тоа.

Коментирајќи ги обвинувањата на кралското семејство за расизам од страна на Хари и Меган, 49% од анкетираните рекле дека не се согласуваат со парот, а 26% признале дека го делат нивното мислење.

Слични објави

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Херојски подвиг: Саша Ковачевиќ му помогна на човек по сообраќајна несреќа

Еспресо
Се вчитува....