6.8 C
Скопје
01:01 - 26 април, 2024

Годишен хороскоп 2023: Позитивни промени за Овните, одлични финансии за Јарците, среќни пресврти за Биковите и Раковите…

Овен

Овенот ќе биде среќен знак барем до мај 2023 година, кога ќе може да смета на присуството на Јупитер во своја корист, планета која ќе донесе среќа, радост и ентузијазам. Во првите три месеци од годината, родените во знакот Овен, исто така, ќе можат да го искористат присуството на Сатурн за да ја зајакнат својата решителност и да спроведат важни проекти за личен раст и развој особено во љубовниот живот. За дестабилизирање на ситуацијата за овој огнен знак ќе се погрижи Плутон, што ќе донесе позитивни промени за Овните родени од 21 до 23 март, додека пак ќе придонесе да чувствуваат голем замор родените од 17 до 20 април. Совет за целосно искусување на оваа нова година е да ги вратите сите проекти оставени на чекање, искористувајќи ја сопствената решителност.

Бик

Бикот исто така ветува дека ќе биде еден од најсреќните знаци во хороскопот 2023. Всушност, благодарение на наклонетоста на Уран, Јупитер и Сатурн, родените во овој знак конечно ќе можат да се препуштат на сите оние каприци од кои биле принудени да се откажат во минатото. Минатата година, всушност, Биковите мораа да се справат со Сатурн кои им ги кочеше плановите, додека оваа година на своја страна ќе го имаат Јупитер. Планетата на среќата во текот на целата година ќе биде со нив. Понатаму, почнувајќи од март, и Биковите родени во април ќе можат да уживаат во поддршката на Сатурн, кој ќе биде гарант за стабилноста која отсекогаш му била потребна на овој знак. Совет за оваа 2023 година е целосно да уживате во миговите на слободно време и забавите!

Близнаци

Близнаците ќе имаат малку потешка година, Сатурн во неповолна позиција цела година ќе им става пречки на се што ќе започнат во 2023. Годината ќе започне со позитивна нота за овој воздушен знак, благодарение на влијанието на Јупитер што ќе донесе оптимизам и финансиски придобивки, но потоа следува пресврт – ќе биде потребно многу труд за воопшто да се стигне до одредена цел, ако се стигне. Општо земено, за да можат подобро да се соочат со секоја тешкотија што ќе се појави на патот, советот што им се нуди од ѕвездите на родените во знакот на Близнаците е да се засолнат во природа секогаш кога можат, длабоко да дишат чист воздух и да уживаат во глетката што го одзема здивот. Ова ќе биде лек за психофизичката благосостојба на овој знак!

Рак

„Еден од најсреќните или можеби најсреќниот знак оваа нова година“, вака астролозите заборуваат за Ракот во 2023. Родените во знакот Рак, всушност, ќе можат да сметаат на особено поволна астрална конјукција која ќе им овозможи големо спокојство. Сатурн пак, ќе ја зголеми нивната мудрост, Уран во секстил ќе ги храни со убави енергии, Нептун ќе придонесе да ја ослободат својата креативност и, конечно, Јупитер во секстил ќе ослободи добра доза на среќа. Храброст и прагматизам на хоризонтот за Раковите родени во првите 13 дена од јули, благодарение на наклонетоста на Уран, додека за родените во јуни постои реална можност за реализација на важни проекти, особено во сентименталната и семејната сфера. Совет на кој Ракот мора да се обврзе во 2023 година е да не одложува ништо, туку да се обиде да ги искористите сите можности.

Лав

Добри вести за Лавовите: од почетокот на 2023 година, а особено од месец март, Сатурн конечно ќе ги остави на мир родените под овој огнен знак, правејќи простор за наклонетоста на две важни планети, Марс и Јупитер, кои со себе ќе донесат ентузијазам, желба за работа и самопочит. За жал, сè што блеска не е злато и,  од мај Јупитер во опозиција ќе им донесе некои финансиски проблеми. Љубовниот живот ќе оди подобро благодарение на влијанието на Венера која ќе се позиционира токму на овој знак, носејќи со себе многу убави изненадувања. Советите што Лавовите треба да ги ценат во 2023 година е да ги усовршат своите организациски вештини!

Девица

2023 година нема да биде едноставна година за родените во знакот Девица, кои ќе мора да се соочат со Сатурн кој насекаде ќе им става сопки и препреки. Нерешените проблеми, всушност, ќе тропнат на вратата на Девиците, кои сепак, благодарение на прагматичноста и нагласената ефикасност, ќе можат беспрекорно да се справат со нив. Сатурн е и планета на еволуцијата, па затоа ќе им помогне на Девиците да преземат големи и важни промени. Но, 2023 година има и позитивни изненадувања, особено за Девиците родени во август и во првите седум дена од септември, кога ќе можат да сметаат на наклонетоста на Јупитер, која со себе ќе донесе здив на оптимизам и поволна економска ситуација. Девиците родени во првите 13 дена од септември, пак, ќе имаат поволен Уран и тоа дополнително ќе ги зајакне квалитетите како што се проникливост и остроумност. Помалку среќни се Девиците родените од 10 до 21 септември, кои ќе треба да се соочат со егзистенцијалните кризи што ги носи Нептун. Генерално, советот што астролозите им го нуди на сите Девици за 2023 година е да останат смирени и да се фокусираат на целите што треба да ги следат и соништата што треба да ги постигнат.

Вага 

2023 година ќе биде година на подеми и падови за Вагите. Всушност, годината започнува со Јупитер во опозиција, астрална околност што ја компромитира самодовербата, предизвикува неочекувани трошоци и ги оптоварува смиреноста и спокојството. Сепак, Сатурн ќе се залага за откупување на родените под овој воздушен знак, овозможувајќи им да реализираат важни животни проекти. Генерално, можеме да кажеме дека на Вагите родени во последните денови ќе им биде потребна морална поддршка во оваа 2023 година, додека поголема среќа ќе имаат родените во првите денови, кои ќе тргнат по патот на повторното раѓање. Совет од астролозите е да се фокусирате пред се на љубовта во сите нејзини облици, исто така затоа што од средината на мај овој знак ќе биде сведок на транзитот на Венера, во чија наклонетост конечно ќе може да ужива.

Шкорпија

2023 година за Скорпиите ќе биде во знакот на спојувањто на парчињата правејќи прекрасен мозаик но и во знакот на обнова на животот од таму каде што застанале во минатото. Всушност, ова ќе биде година на нови почетоци и, благодарение на Сатурн, време за преземање амбициозни проекти и започнување на ново важно поглавје. Од друга страна, ќе има одреден замор и економска грижа за Скорпиите родени пред 7 ноември, поради противењето на Јупитер што се очекува од мај па натаму. Општо земено, советот од астролозите е да се работи на сопствената независност, и на практична и егзистенцијална страна.

Стрелец

2023 година нема да биде лесна за родените во знакот Стрелец. Всушност, овој знак ќе мора да се соочи со Сатурн, кој ќе ја краде енергијата и ќе им ја става на тест самодовербата, генерирајќи несигурност и фрустрации. Сепак, нема потреба од очај. Всушност, до мај, родените во знакот Стрелец ќе го имаат Јупитер на нивна страна и тоа ќе донесе добра доза на успеси,  зголемувајќи ја нивната храброст и желба да се стремат кон сопствената лична среќа. Совет за 2023 година е да се опкружите со пријатели од доверба, на чие мислење и критика може да се потпрете во секое време, избегнувајќи, негативни личности во вашиот живот.

Јарец

2023 година ќе делува како „омекнувач“ за Јарците, правејќи ги (колку што е можно) поопуштени и добронамерни, меки. Во првите четири месеци од годината, поради квадратот на Јупитер, ќе биде тешко да се зачува онаа трошка оптимизам и леснотија што го карактеризира овој знак. Сепак, влегувањето на Јупитер во знакот Бик почнувајќи од мај ќе означи позитивна пресвртница за Јарците, што ќе им донесе големи задоволства, економски радости и ќе ги направи еден од најсреќните хороскопски знаци во годината. Ова е благодарение и на наклонетоста на Сатурн и влијанието на Уран, што ќе му овозможи на овој знак да реализира големи животни проекти. Совет за 2023 година е да управувате со приходите и расходите уште повнимателно, избегнувајќи емоционални и импровизирани трошоци.

Водолија

Револуција и големи промени на хоризонтот за Водолијата. Всушност, во 2023 година, Плутон влегува во овој знак, и означува епохална пресвртница, особено за Водолиите родени во првите три дена, односно од 21 до 23 јануари. И дури и ако Јупитер дојде да ги искомплицира работите, особено во финансискиот менаџмент, добрата вест е дека конечно, од средината на март, Сатурн ќе ги напушти и ќе се оддалечи од овој знак, со тоа и пречките ќе станат минато. Љубовта не е меѓу приоритетите на Водолијата (ниту) во 2023 година и, всушност, советот на астролозите за родените во овој знак е да одат на соло патување, целосно уживајќи во пејзажите што го одземаат здивот и во сопственото друштво.

Риби

За Рибите, дојде време да ги остават настрана илузиите и фантазиите и да почнат да се соочуваат со животот поконкретно. Сатурн влегува во овој знак и ќе ги стави Рибите пред важни избори што треба да ги направат. Така годината нема да биде многу лесна за родените во овој знак кои, сепак, ќе имаат можност да го тренираат својот латентен прагматизам и да се соочат со предизвиците со соодветна зрелост. Добрата вест е што од мај па натаму Рибите ќе го имаат Јупитер  на своја страна и тоа ќе ги намали тензиите и емоционалните оптоварувања. Совет од астролозите е Рибите во 2023 година да се обидат да го контролираат животот што е можно повеќе.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....