00:53 - 13 април, 2026

ЕВЕ КОИ СЕ ВОДИТЕЛИ НА ОСКАРИТЕ: Дури три жени на бината

Овогодинешното 94-то доделување на Оскарите ќе го водат три актерки – Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс, пишуваат „Варајети“ и „Холивуд репортер“.

Поминаа 35 години откако дури три лица го водеа најголемиот холивудски спектакл, но никогаш досега толку жени не биле на сцената во една вечер во улога на водители на престижната церемонија на доделување награди.

„Холивуд репортер“ минатата недела објави дека церемонијата на Оскар, во продукција на Вил Пакер, а во режија на Глен Вајс, ќе ја водат три лица со цел да ја зголемат гледаноста и да бидат интересни за разновидна публика.

Имено, Оскарите се обидуваат да привлечат нови гледачи по рекордно ниската гледаност во 2021 година.

Официјалното соопштение ќе биде објавено во вторник во емисијата „Добро утро, Америка“ на Еј-би-си – канал кој на 27 март ќе ја емитува церемонијата на доделување на „Оскарите“.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо
Се вчитува....