8.8 C
Скопје
10:09 - 24 октомври, 2026

Евче призна дека сè уште е заљубена во Александар Динев: „Не е доволна само љубов за една врска да опстои“

Македонската водителка и инфлуенсерка Ева Јовановска, позната како Евче, призна дека сè уште има љубовни чувства кон поранешниот партнер Александар Динев, иако поминаа осум месеци откако ја прекинаа врската.

Во гостувањето во поткастот „Естраден лексикон“, таа отворено зборуваше за разделбата, шпекулациите дека нивната врска била маркетиншки трик и влијанието што го имал Динев врз нејзиниот живот.

Ева и Александар беа во љубовна врска повеќе од една и пол година, а раскинале во февруари годинава. Неколку месеци ја криеле разделбата од јавноста, по што со заедничка објава на Инстаграм потврдија дека повеќе не се заедно.

Во разговорот со водителот Марио Арангеловски, Евче призна дека не ѝ е лесно да зборува за поранешниот партнер, но дека била подготвена за прашањата што ќе следуваат.

„Види, нормално дека не ми е сеедно да зборувам на темата, ама го очекував тоа и не можам да ти речам дека нема да зборувам, затоа што тоа е дел од мојот пат за да бидам тука каде што сум сега, тоа било јавно пласирано, и нормално дека луѓето ќе прашуваат“, рече таа.

Водителот ја праша за коментарите дека врската била лажна и дека двајцата биле заедно поради популарност. Ева категорично ги отфрли таквите тврдења, објаснувајќи дека нивната љубов била вистинска.

„Врската беше реална. Не ни бев свесна јас на почеток во што влегувам, како сето тоа ќе се одвива, јас и он сме многу млади.

Мислам дека тоа е главната причина, затоа што се менуваме, се развиваме, на различни патишта, околности ти влијаат…

Со некои работи, колку ние да сме зрели, не можеш да се справиш на правилниот начин“, раскажа Ева.

Таа истакна дека од врската и разделбата научила многу, особено за предизвиците што ги носи јавниот љубовен живот.

„Многу научив јас од таа врска и од престанокот на таа врска. Го добив и оној убав фидбек од тоа да имаш јавна врска, и негативниот фидбек, зашто кога се пласираш така јавно, прво не си свесен, убаво ти е.

Нас ни било ќеф да се споделуваме, тоа не било ниту за пари, ниту за маркетинг, ниту за популарност, иако знам дека постојат такви коментари.

Едноставно, си бевме во врска, се сакавме и тоа го пласиравме“, објасни водителката.

Евче не го негираше фактот дека врската со Динев придонела за нејзината поголема препознатливост, но нагласи дека и самата вложила труд за да изгради кариера.

„Знам дека постојат коментари дека јас сум била со него само за некоја популарност.

Не можам да го негирам фактот дека пораснав и јас во јавниот свет откако бев со него.

Секаде ќе кажувам дека тој ме внесе во светот на инфлуенсерството, ми беше првиот пример најблиску и црпев инспирација, гледав како се работи таа работа“, изјави Ева.

Таа додаде дека без сопствената посветеност немало да го постигне досегашниот успех, независно од тоа со кого била во врска. Потсети и дека со Александар се запознале токму преку нејзината работа, кога му правела интервју.

„Знам дека многу луѓе ме знаат преку него и тоа е океј. Но, јас сум била во јавност и претходно. Да не бев во јавност, јас немаше ни да го запознаам. Ние така се запознавме, интервју му правев“, рече таа.

Најемотивниот момент од разговорот следуваше кога Марио ја праша дали љубовта меѓу нив згаснала и дали тоа било причината за раскинувањето.

„Мене на ‘Полиграф’ кога ме прашаа дали сум заљубена, па уште сум, тоа е тоа, тоа е живот. Ама не е сè до љубовта.

Јас тоа најмногу го научив периодов, дека не е доволна само љубов за една врска да опстојува“, призна Ева.

Според неа, разликите во карактерите и начинот на справување со емоциите можат значително да влијаат врз една врска, дури и кога меѓу партнерите постојат силни чувства. Таа смета дека и постојаната изложеност на јавноста можеби имала влијание врз нивниот однос.

„Јас имав притисок како ќе го објавиме тоа, дали да објавиме, како да направиме, како ќе реагираат луѓето. Беше комплексна ситуација за мене, но убаво е да имам комплексни ситуации во овие години, зашто тие те градат како личност“, раскажа таа.

Иако разделбата не била лесна, Евче денес смета дека можеби се случила во вистинскиот момент.

„Мислам дека е добро што прекина во тој момент врската, зашто можеби немаше да оди во добра насока, знаеш? Така гледам на работите. Така требало да биде.

Јас сум преблагодарна и премногу го почитувам Александар и времето што сме го поминале заедно, и го поддржувам индиректно во тоа што го работи“, заклучи Ева.

 

Слични објави

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.

(Фото) Бубе ИН и Деко стартуваат со ТРИ ИН – нова градска приказна за коса, нега и убавина

Еспресо

Хороскоп за 24 октомври: Овните ги очекуваат изненадувања, Јарците ќе се посветат на партнерот

Еспресо

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.
Се вчитува....