08:58 - 13 ноември, 2026

(Фото) Бубе ИН и Деко стартуваат со ТРИ ИН – нова градска приказна за коса, нега и убавина

ТРИ ИН е нова градска приказна, која и официјално почнува да се раскажува од денес. Станува збор за проект зад кој стојат Љупчо Петрушевски, познат како Бубе Ин, и Дејан Лазаревски – Деко, две добро познати имиња во фризерскиот свет, две омилени фризерски имиња меѓу клиентите.

Бубе и Деко се здружуваат во заеднички професионален проект, но нивната приказна има историја. Токму кај Бубе Ин, Деко ги направил првите чекори во фризерскиот занает, а денес искуството и знаењето на едниот и енергијата на другиот се спојуваат во нов концепт за коса, нега и убавина – ТРИ ИН, локал што на едно место обединува професионални фризерски услуги, маникир, педикир и продавница за професионална козметика, со идеја негата и изборот на соодветни производи да бидат дел од едно заокружено искуство.

Понудата на фризерски услуги опфаќа фенирање, обликување и фарбање на косата, како и дијагностика на скалпот, која овозможува подобар увид во неговата состојба и потребите за соодветна нега. Дополнително, достапни се услуги за маникир и педикир, наменети за негуван изглед.

Посебен дел од концептот е продавницата за професионална козметика за коса, во која се застапени девет меѓународни брендови: KÉRASTASE, L’ORÉAL PROFESSIONNEL, REDKEN, MATRIX, OLAPLEX, REVLON PROFESSIONAL, SCHWARZKOPF PROFESSIONAL, OLIVIA GARDEN и IT’S A 10. Асортиманот опфаќа производи за различни типови коса и потреби – од хидратација и обновување до обликување и одржување на фризурата. На тој начин, клиентите можат да изберат производи соодветни на својата рутина и да ја продолжат професионалната нега и дома.

Концептот е наменет и за жени и за мажи, обединувајќи различни услуги и производи во простор каде што професионалната грижа за изгледот се надоврзува на секојдневните навики. Без разлика дали станува збор за редовно одржување на фризурата, промена на изгледот, нега на ноктите или избор на соодветна козметика, идејата е различните потреби да се сретнат на едно место.

ТРИ ИН се наоѓа на вториот кат во Скопје Сити Мол, овозможувајќи негата да се вклопи во секојдневието – без потреба за посебно планирање на повеќе различни посети.

Зад квалитетот стојат знаењето, искуството и довербата, а кога тие ќе се спојат во заедничка приказна, резултатот е нов концепт во кој професионалноста и негата одат рака под рака. ТРИ ИН – Скопје Сити Мол, втор кат.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....